Ивановски по најавената ревизија од ВМРО-ДПМНЕ: ПУП го начекав со еден автобус, ви го враќам со 8, ама пак за брзо ќе ги намалите

од Nikola Popovski
241 прегледи

По најавите за ревизија на ЈП за Просторно и урбанистичко планирање од Прилеп, реагираше и поранешниот директор на претпријатието, Илија Иваноски. Тој потенцира дека успеал во период на пандемија да добие Сертификат за општествена одговорност.

-Едвај собиравме средства за плата. Тоа е претпријатие кое успешно се справуваше со сите предизвици предизвикани од пандемијата. Прв во државава извршив и вршевме дезинфекција на сите автобуси и во целиот период имавме најмал број на заразени вработени од Ковид-19. Во еден период автобускиот превоз беше во прекин, се работеше во смени, а и 300 паркинзи ги изгубивме, објави Иваноски.

Тој напомена дека во 2018 година, кога се вработил затекнал еден исправен автобус.

-Сега ви оставив 8, ама пак за брзо ќе почните да броите наназад. На ниеден вработен не му беше раскинат договорот за работа, за разлика од вашата постапка од пред една недела. Стојам зад сите најуспешни и најзначајни проекти за Прилеп, Новата Детска Градинка, Паркот на езеро, Булеварот Гоце Делчев, Градскиот стадион, Новиот затворен базен, Новите градски автобуси и преку 100 проекти за средните и основни училишта во Општина Прилеп, а вие со моето разрешување и поништување на огласот за вработување во прашање го доведовте работењето на проектантското одделение заради одземање на Лиценцата за проектирање, потенцира поранешниот директор.

Тој информира дека во рок од една недела при контрола на автобусите за Градски Превоз од страна на МВР утврдено е дека еден од нив е нерегистриран и технички неисправен, а другиот технички неисправен.

-Имате случај кога несовесен возач од невнимание и ја затвора вратата на жена и ја повредил и нормално ќе ве тужи. Имате нападнат возач исто заради несовесно однесување при што во опасност сте ги ставиле и другите патници. Кој сега ќе сноси одговорност и кој ќе одговара за настанатите ситуации, и ќе ја плаќа штетата предизвикана од несовесното работење имајќи во предвид дека имате 3ца шефови. Слични сте со Беса Турс ама со време реагирале надлежните органи. Господа од почеток се гледа вашата грижа за патниците и граѓаните на Прилеп, констатира Иваноски во објава на социјалните мрежи.

На денешната петтата редовна седница на Советот на општина Прилеп биле разгледани тримесечните извештаи за финансиското работење на ЈП за ПУП и ЈКП „Пазари“-Прилеп, но не биле усвоени.

По однос на овие точки со мнозинство гласови билприфатен предлогот на претседателката на Комисијата за финансирање и буџет од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Ирена Стерјовска Локвенец, Советот да покрене постапка за вршење контрола над материјалното и финансиско работење пред надлежен орган за надзор и да се дополнат одлуките за давање согласност на тримесечните извештаи за финансиското работење на овие две јавните претпријатија.

Слични содржини