271
Со овој референдум што се најавува како да имаме едно талкање во политичкиот систем и како секоја институција во државата да е доведена во длабока криза, а особено органите кои треба да постапуваат за одржување на уставниот поредок, вели Трендафил Ивановски , поранешен уставен судија за Студио 10 на ТВ24.
-Самото референдумско прашање е недефинирано, како и целиот негов однос. Се тргна од една идеја и се продолжи со друга. Определбата да се поништува Договорот за добрососедство не е добра затоа што тој е дел од меѓународното право. Така кој би не сфатил сериозно, вели Ивановски.