ИВАП бара да се дозволи влез на настани со негативен ПЦР тест

од Vladimir Zorba

По примерот на другите земји, Асоцијацијата бара и да се дозволи влез на настани со потврда за негативен ПЦР тест, брзи тестови на влез, вклучително со останатите потврди кои се во сила.

Бараме итно допрецизирање на мерките и тоа:

– Дали само посетителите на настан треба да поседуваат потврда за прележан Ковид 19 или вакцинација или се бара за сите вклучени во настанот (технички тим и учесници)?

– Како ќе се третираат настаните што се без влезници, во парк или на плоштад? Дали од секој кој ќе помине на настанот ќе треба да бараме потврда?

– Дали имаме право да легитимираме на влез на настан за проверка на совпаѓање на потврдата и доколку не, кој ќе одговара ако некој прикажал лажна потврда?

– Дали доколку на настанот учествува странец кој до 1 септември може без проблем да влезе во земјата, смее да посети угостителско објект.

– Дали по 1 септември, кога за влез во земјава меѓу другото ќе биде дозволен ПЦР тест, ќе може да се влезе на настан или ресторан со истата потврда или тие гости нема да имаат право на влез?

Исто така, по примерот на другите земји, бараме да се дозволи влез на настани со потврда за негативен ПЦР тест, брзи тестови на влез, вклучително со останатите потврди кои се на сила, велат од Ивент индустријата.

Слични содржини