Политичкиот аналитичар, Ивор Мицковски, се огласи на социјалните мрежи, откако синоќа осамнаа нови информации за користење на социјалната мрежа Телеграм, поконкретно повторното активирање на групата „Јавна соба“, од која дел беа малолетни и полнолетни девојки чии лични податоци, адреси, имиња и ескплицитни фотографии се најдоа на мета на нечиј туѓ интерес.
„Една година не можат да преземат ништо околу Јавна соба и тие 5-7 илјади силеџии кои си мислат дека разменуваат сликички. Градоначалник не може да смени докажан и повторлив насилник директор на Основно. Се јавува случај за сексуално насилство врз малолетници и темата се претвара во партиски препукување. Па каква е оваа држава која гарантира некакви права, што прави таа полиција, што е со вашите реторики и демагогии. Кога некој политичар ќе добие закана на социјални мрежи, лицето се наоѓа и апси за 24 саати. Овде збориме за организирано и смислено насилство од страна на илјадници врз илјадници други и никој не постапува. Ние сме држава за политичарите само“, напиша Мицковски на својот фејсбук профил.
Инаку, за потсетување, МВР уште синоќа излезе со став дека ќе стави крај на ваквото однесување, и ги охрабри жртвите да пријават во најблиската полициска станица, за тоа што од нивниот приватен живот се ставило на тацна во рамки на оваа група.
Една година не можат да преземат ништо околу Јавна соба и тие 5-7 илјади силеџии кои си мислат дека разменуваат…
Posted by Ivor Mickovski on Среда, 27 јануари 2021