Украдени слики од Пикасо и Шагал пронајдени по 14 години

од Vladimir Zorba

Белгиската полиција пронашла украдени слики од Пикасо и Шагал во подрумот на една куќа во Антверпен, соопштија во вторникот локалните власти, додавајќи дека уметничките дела се уште се во добра состојба.

Сликите, „Tête“ на Пикасо и „L’homme en prière“ на Шагал, вредни 900.000 долари, беа украдени од колекционер на уметнички дела во Тел Авив, Израел во 2010 година.

Во моментот на кражбата бил украден и накит вреден 680.000 долари, но биле пронајдени само слики.

Локалната полиција започна истрага кога извор ги информирал дека белгиски државјанин ги нуди двете уметнички дела на продажба.

Локалниот обвинител изјави дека главниот осомничен е уапсен.

Слични содржини