260
Денеска (23.04.2021) околу 13.15 часот полициски службеници на СВР Тетово-Полициско одделение Теарце, во гаража помеѓу тетовските села Нераште и Беловиште, го лишиле од слобода Ш.Ш.(45) од Нераште. Тој се сомничи дека е извршител на 4 тешки кражби во трговски објекти во Тетово и во регионот на Теарце, во кои со употреба на сила влегувал и одземал пари и поголема количина разновидни производи.
Ш.Ш., исто така, се барал по централна потерница од Казнено-поправната установа Затвор „Идризово“ од Скопје и за доиздржување на затворска казна од 3 години и 28 дена за сторено кривично дело „разбојништво“.
Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот, по што против Ш.Ш. ќе биде изготвен соодветен поднесок.