Избегната несреќа!Што му се случило на авионот при слетувањето на скопскиот аеродром?

од Vladimir Zorba
101 прегледи

Патниците на ноќниот лет од Базел за Скопје навистина имале среќа и не биле свесни што се случува во последните 5 минути од слетувањето на скопскиот аеродром со авионото на Wizz Аir . Присебноста на македонските контролори и пилоти, нивната обученост спаси трагердија откако откажал еден од моториоте во процедурата на слетување.

По објавата  на некои патници дека имало непријатности   Агенција за цивилно воздухопловство преку МИА целосно го потврди и опиша случајот. Го пренесуваме официјалниот запис:

Настанот кој се случи на 30.03.2018 година во 00:15 часот по локално време на Интернационалниот аеродром Скопје со авионот Wizz Аir на летот Базел – Скопје,

Ве информираме дека, во фаза на приод за слетување на Скопскиот аеродром на авионот му откажал еден од двата мотора без можност за повторно покренување. Пилотот декларирал вонредна случка, по што службите на М-НАВ и ТАВ реагирале согласно процедурите. По два холдинга над аеродромот, екипажот успешно го слетал авионот на писта и ги истоварил патниците, без никакви проблеми.

Агенцијата за цивилно воздухопловство, согласно процедурите стапи во контакт со Унгарската дирекција на Wizz Аir, унгарската АЦВ, како и со надлежните домашни институции.

Техничката оператива на Wizz Аir, уште изутрина на 30 март пристапи кон утврдување и санирање на дефектот на моторот и отстранување на техничките проблеми врзани за отказот.

Во текот на денот и ноќта согласно технолошките карти на Airbus, извршија одстранување на дефектот на моторот и успешно стартување на моторот на земја.

По доставувањето на целокупната документација АЦВ, констатираше дека авионот може да полета од Скопскиот аеродром (без патници), во правец на Полска каде што Wizz Аir, има работилница со повисок степен на одржување.

АЦВ во престојниот период, ќе спроведе истрага за настанот, и ќе пристапи кон информирање, согласно анексите на ICAO (меѓународната организација за цивилно воздухопловство), како и во согласност со позитивните домашни законски уредби и процедури.

Треба да се напомене и дека од централата на Wizz Аir, пристигнале големи пофалби за професионалноста.

.

Од М-НАВ, пак, наведуваат дека контролорите на летање постапиле согласно прописите во случај на итност, за што, како што соопштуваат, веќе им било јавено од оперативниот центар на Визер дека ќе достават благодарница за помошта. – Најбитно е да се нагласи дека се се завршило во најдобар ред, поради фактот дека пилотите и контролорите на летање поминуваат низ обуки кои вклучуваат справување со вакви настани, велат од М-НАВ.