Избегната трагедија на УС Опен: Маж сакал да влезе на терените со пиштол

од Vladimir Zorba
147 прегледи

Маж се обидел со пиштол да влезе во тенискиот комплекс Флешинг Медоус.

Оваа информација прв ја објави „Њујорк пост“,пренесува „Фокс“, а според извештаите тој мавтал со пиштол пред полицијата кога обезбедувањето сфатило дека е вооружен.

Тогаш овој млад човек истрчал на паркингот, и набрзо бил фатен.

„Њујорк пост“ пак пренесува друга верзија на настанот, поточно сведочењето на очевидци. Се тврди дека двајца мажи на паркингот се обиделе да избегаат од полицијата, а потоа еден излегол од автомобилот и го фрлил пиштолот на земја. Лицето е приведено, а возачот е во бегство.

Полицијата соопшти дека нема повредени и немало пукање, а ФБИ претходно предупреди дека анти-ваксер ја преминал канадско-американската граница во знак на протест против УС Опен.

Не е потврдено дали ова е поврзано со самиот случај.

Слични содржини