Дали некогаш сте помислиле дека вашата крвна група може да влијае и врз тоа колку можете да издржите напорно вежбање или што да спортувате.
Проценете самите дали има вистина во ова:
0 +/-
Веројатно сте спортски тип на човек, па затоа интензивните тренинзи се одлични за вас. Лесно се навикнувате на вежбачката рутина, но и сакате да возите велосипед, да пливате и да трчеате. Не ви пречи да се обидете ниту со фудбал или кошарка, сè додека има динамика. Со помош на вежбањето спречувате проблеми со крвотокот. Но, поради вашето променливо расположение, подложни сте често да пропуштате тренинзи.
А +/-
Тренинзите со висок интензитет не се за вас. Одберете ги оние кои ќе ви помогнат да се ослободите од стресот и ќе доведат до баланс меѓу телото и умот. Лесно се уморувате, многу побрзо од останатите крвни групи. Обидете се секој ден да правите кардио вежби и да пешачите, ќе се зачудите колку сето тоа позитивно ќе влијае врз вас.
Б +/-
За вас е идеална комбинацијата од вежби за сила и аеробик. Најдобро функционирате во тим. Добри се исто така и јогата и пилатесот. Мора во текот на вежбањето да внимавате и на дишењето. Имајте предвид дека крвната група Б е склона кон пад на имунитетот споредено со сите останати. Вие сте лесно прилагодливи на нови ситуации, а вежбањето постојано ви го подобрува расположението.
АБ +/-
Постојано чувствувате болки во мускулите и зглобовите и тоа ве спречува да бидете доволно често физички активни. Не ви помага ниту задржувањето на емоциите во себе. Со помош на лесен аеробик или јога ќе успеете да воспоставите баланс меѓу своите мисли и телото и тоа за многу кратко време. На вас е да ја најдете активноста која ви одговарa.