Избирачки список: ДИК ќе ги вкрстува податоците од 13 државни институции

од Vladimir Zorba
138 прегледи

Денешната седница на Државната изборна комисија траеше десетина минути, а членовите заседаваа за тоа од кои институции ќе ги користат податоците за да се изврши проверка на Избирачкиот список.

906BD2B5D341184DBC3D7ADA4D5F92DC

Членовите на ДИК се согласија да ги вкрстуваат податоците од тринаесет државни институции, меѓу кои и Фонд за здравство, МВР, Фонд за пензиско осигурување, УЈП, статистика, катастар, НБМ, општини и Водовод и канализација.

Што се однесува до методологијата за прочистување на Избирачкиот список, ДИК ќе го чека предлогот од партиите потписнички на Договорот од Пржино. Пред три дена пак, од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ рекоа дека тие без никакви забелешки ќе ја прифатат методологијата на ДИК.