Избоден до смрт еден од креаторите на Android, се огласи и Елон Маск

од Stefanija Kuzmanovska
202 прегледи

Боб Ли, еден од креаторите на оперативниот систем Android и популарната апликација за мобилни плаќања Cash, почина откако беше избоден со нож во Сан Франциско.

Веста за неговата смрт ја потврди Џош Голдбард, извршен директор на MobileCoin, компанијата за која работеше Ли.

„Боб беше вистинска сила на природата. Тој беше создаден за светот кој токму сега се создава, остваруваше се што ќе му падне на памет, без разлика колку е тоа лудо”, наведе Голдбард.

Во соопштението, полицијата објави дека 43-годишен маж бил пронајден со убодни рани рано во вторникот, 4 април, во областа Ринкон, но не навела дека се работи за Ли.

Оттаму соопштиле дека на 43-годишникот му била укажана итна медицинска помош и бил пренесен во локалната болница. И покрај напорите на лекарите, тој починал од здобиените повреди.

Локалните медиуми објавија изјава од полициски извори кои потврдија дека Ли бил избоден со нож. Полицијата соопшти дека не го привела сторителот и дека истрагата за овој случај се уште е во тек.

Многу истакнати личности од технолошкиот свет реагираа на веста за смртта на Ли, вклучувајќи го и шефот на Tesla и сопственик на Twitter, Елон Маск.

„Жал ми е што го слушам тоа. Многу луѓе кои ги познавам биле цел на насилни напади. Насилните злосторства во Сан Франциско се ужасни и дури и ако напаѓачите бидат фатени, тие честопати веднаш се ослободуваат“, напиша Маск на Твитер.

Слични содржини