Двајца ученици на 12. Белградска гимназија се избодени пред училиштето кое се наоѓа во населбата Вождовац.

Еден од учениците се здобил со потешки повреди нанесени од нож во грб, а пренесен е во Ургентниот центар, додека во тек е дијагностиката за вториот ученик.
Според наводи на ТВ Пинк, полицијата ги идентификувала напаѓачите и во тек е нивно приведување, а според неофицијални информации се работи за судир на навивачи.