Долгата битка за претседателската функција во Австрија беше тест не само за гласачите, но и предизвик за лингвистите.
Токму долгата сага околу изборите даде живот на избраниот за овогодинешниот збор на годината во Австрија.
Терминот “Bundespraesidentenstichwahlwiederholungsverschiebung” или во превод “промената на повторувањето на претседателскиот втор круг” беше избран за збор на годината во рангирањето на Универзитетот во Грац и Австриската новинска агенција.
За него гласале повеќе од една третина од 10 000-те лица кои учествувале во анкетата.