Претседавачот со ЕУ Холандија им пиша на лидерите – условите за избори не се исполнети!
Меѓународната заедница е недвослислена и се подалбоко се инволвира во кризата, со засилување на своите позиции , со уште еден специјален медијатор овојпат од Германија – директно од Меркел. Тоа е германскиот амбасадор во Виена , Јоханес Хајндл кој сега првин оди на консултации во Виена а потоа доаѓа право во Скопје
„Нема минимум услови за кредибилни избори, аболицијата мора итно да се повлече, на СЈО да им биде овзоможено до крај да си ја сработат работата, а лидерите итно да најдат излез од политичката криза“, ова пак е сублиматот од пораките на ЕУ што холандскиот министер за надворешни работи Берт Кундерс, им го напиша во писмо на лидерите потписнички на договорот од Пржино. Кундерс во својство на претседавач со ЕУ, пишува дека се сериозно загрижени за состојбата во Македонија, која мора итно да се реши – за стабилноста на државата. Кундерс пишува дека договорот од Пржино што го потпишаа сите лидери мора да се почитува и тоа е силна позиција на ЕУ.
Холандија предупредува дека ако пропадне Пржинскиот договор, Македонија ќе се соочи со сериозни последици и санкции.
Сихронизирани пораки аболицијата да се повлече и СЈО да не се опструира, и од двоецот Бејли и Орав. И двајцата признаваат дека се во интензивни контакти со партиите, но без да прецизирање детали од разговорите.
Дека има секојдневно билатерални контакти на нивните партиски тимови со амбасадорскиот двоец, потврдуваат и од партиите, за детали и тие молчат, само кусо велат дека засега нема приближување околу опциите што се на маса и тврдите позиции на Груевски и Заев.
Изборите за 5 јуни пропаднаа, ДУИ и ДПА не доставија предлози за членови на избирачките одбори
Како и да е од ноќеска на полноќ ,по недоставувањето на списоците за избирачки одбори до ДИК, по СДСМ изостанаа и тие од ДУИ и ДПА, , ВМРО ДПМНЕ е во паника. ДИК денеска ќе соопшти ,но тоа веќе значи дека избори на 5 јуни и дефинитивно не може да има, а тоа значи дека парламентот ќе мора да се свикува.
Единствено што не е јасно е пазарењето на власта со аболицијата и останувањето на истата за сметка на одложување на изборите. ВМРО ДПМНЕ сега дава и попушта за се, само да остане аболицијата, тврдат извори од преговорите.
Политичката опозициска јавност, коментира дека оставањето во каков било формат на аболицијата ќе биде погубно и за опозицјата и за иднината на државата, и таков пазар исто така влегува под насловот дека какви било избори не се никаво решение на кризата, туку само незјино заташкување или покривање на одредено време.
Истите извори тврдат дека во игра се избори заедно со локалните, или во првата недела на октомври, што е исто лош договр со повтороно одредување датум. Првин средување на системот и реформи,па потоа датумот да произлезе ама не повеќе од пакетот заедно со локални избори, а во меѓувреме техничка влада која би ги спровела реформите. Како најлошо сценарио на власта не се исклучуваат и директните судири меѓу граѓанството, колку за оправдување за воведување на вонредна сосотјба , што би значело поинакви околности, прекинување на секакви протести и кратење на повеќе демократски права и сосем друг тек и насока на државата.