Избори во Белград најрано на 21. април, најдоцна 26. мај

од Nikola Popovski
245 прегледи

Рокот за распишување нови избори во Белград, Србија почна да тече од денеска, кога истече законскиот рок за конституирање на Градското собрание, па во наредните 30 дена ќе треба да се распишат нови избори, јавуваат српските медиуми.

Од денот на распишувањето на локалните избори до денот на гласањето мора да поминат минимум 45, а најмногу 60 дена, па тоа во основа значи дека изборите може да бидат распишани најрано за 21 април, а најдоцна за 26 мај.

Доколку владејачкото мнозинство одлучи да го стори тоа што е можно поскоро, тоа би значело дека во најбрз можен рок, во следните два-три дена, треба да го продолжат конституирањето на Собранието на Србија и да го изберат претседателот на Собранието, кој би потоа ќе распише избори за 21 април.

Доколку новиот претседател на Собранието биде избран на 12 март, како што веќе најавија некои медиуми блиски до власта, и доколку тој веднаш потоа ги распише изборите, првиот можен датум за избори би бил 28 април, односно недела пред првомајските и велигденските празници.

Доколку изборот на претседател на Ссобранието се одложи уште малку или ако тој не ги распише изборите во Белград веднаш по неговиот избор, туку дури на почетокот на април, би можело главниот град на Србија да биде управуван од привремен орган до крајот на мај.

Собранието на град Белград не беше конституирано бидејќи претседавачот Тома Фила изјави дека повторно нема кворум и дека истече рокот за формирање власти.

Ова беше трет обид за формирање на Собранието на градот Белград. На изборите на 17 декември ниту една листа или партија не освои доволно гласови за да формира власт во главниот српски град.

Слични содржини