На вршителот на должноста премиер на Ерменија, „Граѓанскиот договор“ на Никола Пашинјан, му недостасува 0,08 проценти од гласовите на парламентарните избори за да може самостојно да формира влада, според Централната изборна комисија, по обработката на целиот изборен материјал.
Според ЦИК, „Граѓанскиот договор“ освои 53,92 проценти од гласовите, додека блокот на поранешниот претседател Роберт Кочарјан „Ерменија“ доби 21,04 проценти од гласовите.
На трето место беше коалицијата „Имам чест“ на поранешниот претседател Серж Саркисјан со 5,23 проценти. Партијата „Просперитетна Ерменија“ на Гагик Царукијан освои 3,96 проценти од гласовите.
Додека Кочарјан ги нарече изборните резултатите сомнителни, Пашинијан рече дека ерменскиот народ извршил „железна револуција“. Тој им се заблагодари на рускиот претседател Владимир Путин и премиерот Михаил Мишустин за поддршката кон Ерменија и ерменскиот народ.
Според уставот на земјата, партија треба да има 54 проценти места во парламентот за да може самостојно да формира влада.
49,4% од возрасните граѓани излегоа на предвремените парламентарни избори во Ерменија.
Изборите се одржаа на повеќе од 2.000 избирачки места, а право на глас имаа скоро 2,6 милиони гласачи.