Избори во германската покраина Долна Саксонија

од Vladimir Zorba
52 прегледи

  Жителите на германската покраина Долна Саксонија денеска избираат членови на покраинскиот Парламент, на кој се очекува екстремно десничарската партија Алтернатива за Германија (АФД) да оствари послаби резултати отколку на неодемнешните сојузни парламентарни избори, кога освои 13 отсто од гласовите и страна трета политичка сили во Бундестагот.

Ваквите оценки се базираат на анкетите на јавното мислење кои покажуваат дека АФД во Долна Саксонија ќе освои меѓу 7,1 и осум проценти од гласовите.

Ваквото „осипување“ на АФД следи по истапувањето од партијата на лидерката Фрауке Петри и одреден број нејзини членови во покраинските парламенти.

Сепак и покрај падот на рејтингот, АФД сигурно ќе го мине избориот праг од пет проценти и ќе освои мандати во Парламентот на Долна Саксонија.

Според анкетите. на изборите се очекува победа на Христијанско демократската унија (ЦДУ), која би требало да освои меѓу 32.8 и 34,6 отсто од гласовите, пред Социјалдемократската партија на Германија (СПД) на покраинскиот премиер Штефан Вајл. за која ќе гласаат меѓу 31,8 и 34 проценти од избирачите/

Покрај, ЦДУ, СПД и АФД, петпроцентниот изборен праг се очекува да го минат и Зеленти кои имаат рејтинг од 8,5 до 10 проценти, Слободната демократска партија (ФДП) со осум со 10 проценти и партијата Левица, која ужива поддршка меѓу 5,4 и 5,7 отсто.

Актуелната владејачка коалиција во Долна Сакосинја ја сочинуваат социјалдемократите и зелените./MIA