Руските државјани кои гласаа на изборите за претседател на таа земја во руската амбасада во Скопје му дале најголема поддршка на актуелниот претседател Владимир Путин. Како што пренесува РСЕ, според податоците на руската Централна изборна комисија, Путин освоил 88,10 отсто од гласовите, додека кандидатот Владислав Даванков добил поддршка од 5,71 отсто од Русите кои живеат во Македонија.
Другите двајца кандидати, Леонид Слуцки и Николај Харитонов, освоиле помалку од еден отсто од гласовите.
Покрај Македонија, Путин победил убедливо и во БиХ. Во тамошната земја, рускиот претседател имал 77,2 отсто поддршка, додека за Даванков гласале 15,82 отсто од гласачите.
РСЕ наведува дека Даванков победил во Србија, каде имал 67,42 отсто од гласовите, додека Путин освоил 10,84 отсто од гласовите.
Според податоците за гласањето на руските државјани во Црна Гора, најголема поддршка добил исто така Даванков со 68,89 отсто од гласачите, додека Путин завршил како втор со 8,41 отсто.
По добивањето на новиот мандат, Путин вчера ја истакна својата „рекордна“ победа на претседателските избори со вкупно 87,29 отсто од гласовите. Според руската Централна изборна комисија, за него гласале речиси 76 милиони гласачи.
Мандатот на претседателот на Русија трае шест години.