Изборите во Црна Гора – борба меѓу Русија и Западот

од Vladimir Zorba
83 прегледи

1476038006-1

Александар Каргиан заминал од Москва за Црна Гора во 2008 година и веднаш се почувствувал дома, потпирајќи се на адвокатска фирма, која им помага на огромната руска дијаспора во малата земја да прави бизнис, искористувајќи ги тесните врски меѓу двете земји.
“Ми се допадна климата, луѓето и условите за бизнис”, вели адвокатот. “И останавме.”

Парламентарните избори на 16 октомври, сепак може да ги подложат на тест овие врски. Гласањето, чиј излез е во голема мера несигурено, може да биде последено во Црна Гора, пред таа да се приклучи кон западната НАТО алијанса – проширување, кое Русија го опиша како “неодговорно”.

Привлечени од величественото крајбрежје на планинската земја, околу 15 илјади Руси се населија во Црна Гора по отцепувањето од Србија во 2006 година и донесоа со себе пари и руско влијание во поранешната југословенска република со население едвај од 650 илјади луѓе.

Да се вклучи Црна Гора во НАТО, е приоритет за Западот, загрижена од влијанието на Русија во еден стратешки регион, кој е на челната линија на миграциската криза со која се соочува Европа.
“Сакаме Црна Гора во НАТО, бидејќи сме вознемирени од руското влијание”, рече западен дипломат во српската престолнина Белград во врска со една политика, која ја дели на две јадранска земја.
Црна Гора беше бомбардирана од НАТО пред 17 години, кога Алијансата интервенира за да стави крај на кампањата на Слободан Милошевиќ за етничко чистење во Косово. Во тоа време Црна Гора беше во сојуз со Србија.

Приклучувањето кон Алијансата е централен столб на кампањата на премиерот Мило Ѓукановиќ пред изборите кои најверојатно ќе го изведат пред најтешкиот тест од близу четвртина век, откако ја води земјата.

Ѓукановиќ, кој беше претседател или премиер во последните повеќе од 25 години само со едно краток прекин, е обвинет од противниците дека ја раководи јадранска земја како злокобно лично владение, оставајќи организираниот криминал да цвета.

Тој ги отфрла овие тврдења, но анкетите покажуваат дека прашањето за членството во НАТО може да дејствува како клин, кој да ја зајакне поддршката за евроскептичните партии и да ја принуди Демократската партија на социјалистите на Црна Гора да бара нови коалициски партнери за првпат од 2006 година . Во еден од рекламните спотови на опозицијата актер преправа во Ѓукановиќ, изгледа нема одговори за ништо и секогаш кога го предизвикаат да одговори за наводни неуспеси, вели “НАТО”.

Студија на Центарот за демократија и човекови права и амбасадата на САД покажува дека 50,5 проценти од луѓето би гласале за поддршка на пристапувањето кон Алијансата, а 49,5 проценти против, ако биде организиран референдумот, ветен од опозициската партија Демократски фронт.

“Нашата главна мисија е да ја ослободиме Црна Гора од управувањето на Мило Ѓукановиќ”, рече Славен Радуновиќ, пратеник од Демократската фронт. Ѓукановиќ рече дека опозициските партии се финансирани од Русија – тврдење кои се негираат.

Москва, сепак, е загрижена и од идеите за проширување на НАТО со северни земји како Финска, и го следи развојот. Претставник на партијата на Владимир Путин “Единствена Русија” ја охрабри неодамна опозицијата да формира обединет фронт против Ѓукановиќ. како Антинатовска порака или удар.

Врските на Црна Гора со традиционалните нејзините православни сојузници се премногу вредни за да ги игнорира. Туризмот сочинува 20 проценти од економијата на земјата, а Русија и Србија ги исполнуваат за речиси 60 проценти од посетителите во земјата во 2016 година

За да го истакнат зајакнувањето на односите меѓу трите земји, волонтери минатиот месец основаа Балканска козачка армија на церемонијата, богата со симболика, на која присуствуваа руски и српски велосипедисти, а православни свештеници осветија иницијативата.

Миладин Јокиќ, 44-годишен маж од Подгорица, вели дека е против партијата на Ѓукановиќ, бидејќи членството во НАТО ќе ја изложи земјата на ризик од терористички напади.

“Црна Гора треба да стои надвор од тоа, особено во момент на толку голема терористичка закана”, рече тој.
Западот од своја страна ја смета интеграцијата на поранешните југословенска република во ЕУ и НАТО како суштинско значење за стабилност во регионот, која во деценијата на војни во 90-тите години на минатиот век претрпе многу промени, Југославија се распадна на седум одделни земји.

Хрватска и Словенија, сега членки на ЕУ, беа првите кои се приклучија кон НАТО. Србија и Црна Гора водат преговори за членство во ЕУ, а на Босна и Македонија претстои исто да започнат. Црна Гора доби покана да се приклучи на НАТО во декември.

На културен, историско, религиозен и економски план односите со Русија се длабоки. Но, за некои, особено за помладите, Западот е попривлечен.

“Географски ние сме дел од Европа и треба да стоиме до оние кои се веќе во Алијансата”, рече Иван Божовиќ, 24-годишен студент.