Зборовите кои избраниот претседател на САД, Џозеф Бајден, ги изнесе во интервју за портал минатиот месец, беа извадени од контекст, пишува „Њујорк Тајмс“.
За време на интервју дадено на 24 октомври за портал, кандидатот за претседател на САД, Џозеф Бајден, според некои медиуми, вклучително и „Фокс њуз“, изјавил: „Ја создадовме, мислам, најсеопфатната и најинклузивна организација за изборна измама во американската политичка историја“ (“We have put together, I think, the most extensive and inclusive voter fraud organization in the history of American politics”).
Според „Њујорк Тајмс“, видеото е прегледано повеќе од 17 милиони пати на социјалните мрежи.
Меѓутоа, весникот тврди дека зборовите на Бајден се извадени од контекст и дека снимката е изменета на таков начин што се добие впечаток дека Бајден признава дека ќе ги лажира изборите.
„Њујорк Тајмс“ ја пренесува изјавата на Т.J. Докл, портпарол на изборниот штаб на Бајден, кој вели дека Бајден всушност зборувал за напори да се спречат изборни измами и дека изјавата е извадена од контекст.
„Го собравме најробусниот и најсофистициран тим во историјата на претседателските кампањи со цел да се соочиме со задушување на правата на избирачите и да се бориме против измамите за време на гласањето, како и да бидат манифестирани“ (We have assembled the most robust and sophisticated team in presidential campaign history to confront voter suppression and fight voter fraud however it may present itself)”, е она што, зборед зборовите на портпаролот, го кажал Бајден во интервјуто.
Во исто време, оние што ја проверуваат автентичноста на информациите на Твитер, ова видео го обележаа како залажувачко, бидејќи му недостига контекст, додека на Фејсбук беше обележано како залажувачко, а на некои од нив не – на страната на синот на Трамп, Ерик Трамп е означено, додека на пример, не е означено на страницата на изборниот тим на Трамп, објави „Спутник“.
На Јутјуб, каде видеото беше прегледано 800.000 пати, исто така не беше означено како залажувачко, а портпаролот на таа платформа рече дека видеото не ги крши стандардите на таа заедница.