Изборна програма на Левица: Да се забрани користењето на името ВМРО (ФОТО)

од Vladimir Zorba
279 прегледи

Политичката партија Левица, која во новиот парламентарен состав ќе влезат со двајца претсавници, во својата изборна програма пишува дека ќе бара забрана на користењето на името ВМРО од страна на политичка партија.

– Законска заштита и забрана за користењето на името ВМРО од страна на билокоја политичка партија, фирма или невладина организација – поради неговата злоупотреба во дневно политички цели, стои во програмата на партијата во делот „Политички плурализам и изборен систем“.

Во јавноста се погласно се зборува за пост изборна коалиција меѓу Левица и ВМРО-ДПМНЕ, иако претседателот на партијата, Димитар Апасиев неодамна изјави дека ќе се чека прво кој ќе го добие мандатот.

„Сега-засега немаме контакти со никоја партија. Веројатно ќе треба да се даде мандатот, па мандатарот да нѐ викне да преговараме, но начелно со СДС нема што да преговараме“, рече Апасиев.