Изборниот штаб на демократите: Камала Харис нема да се обрати на изборната ноќ, но се бориме и понатаму

од Nikola Popovski
37 прегледи

Изборниот штаб на кандидатката на демократите, Камала Харис соопшти дека таа нема да ѝ се обрати на јавноста на изборната вечер, туку утре, но дека не се откажуваат од борбата против републиканецот Доналд Трамп на претседателските избори во САД.

Еден од шефовите на кампањата на Камала Харис, Седрик Ричмонд, им порачал на насобраните поддржувачи на демократскиот кандидат во Вашингтон дека „има уште гласови кои треба да се пребројат и сојузни држави каде што не е прогласен победник“.

„Ќе продолжиме во текот на ноќта (локално време) да се бориме за да обезбедиме пребројување на сите гласови. Оттаму нема да ја слушнете потпретседателката (САД) вечерва, туку утре“, рекол Ричмонд.

Тој истакнал и дека Харис ќе се врати на Универзитетот Хауард, каде што централниот собир на демократите се состанува на изборната ноќ, „не само за да им се обрати на своите поддржувачи, туку и да ѝ се обрати на нацијата“.

Досега Трамп има обезбедено 247 електорски гласови, а Харис 214. За да победи на изборите, кандидатот треба да освои 270 од 538 електорски гласови. Трамп моментално води пред Харис во сите преостанати клучни држави, а Њујорк Тајмс проценува дека има 95 отсто шанси да победи на вчерашните избори.

Слични содржини