Промената на Изборниот законик го продолжи мандатот на општинските совети и градоначалниците, но не го прецизира статусот на в.д. градоначалниците, како што е случајот со Струга и Струмица, јавува АлсатМ.

Според членот на ДИК, Субхи Јакупи, измената на Изборниот законик и продолжувањето на мандатот до октомври важи и за нив.
„…Оваа одредба важи и за овие општини од аспект што кога се случила ситуацијата, продолжил мандатот. Се знаеше дека за градоначалниците и советите ќе биде мај. Истовремено, од ова се подразбира дека ним ќе им се продолжи мандатот до октомври 2017 година“, рече Субхи Јакипи- член на ДИК.
Јакупи вели дека ДИК ќе ја почитува одлуката која ќе ја донесе Собранието.
„По ова прашање ние сме должни да ги почитуваме нормите кои ги донесува Собранието и другите институции можат да дадат разни толкувања“, додаде Јакупи.
Според Законот за локална администрација, локалните избори за општините кои остануваат без градоначалник нема да се одржат ако до следните локални избори има помалку од шест месеци. Задачата на градоначалникот во овој случај ја презема вршител на должноста.
Но, во специфични случаи како општините Струга и Струмица, вршителите на должноста градоначалник на општините именувани во декември, ќе поминат период од девет месеци до предвидените избори во октомври. Собранието вчера ги изгласа измените во Изборниот законик според кои мандатот на градоначалниците и општинските советници избрани во март 2013-та година, продолжува до локалните избори./АлсатМ