Изборот на новиот Хан Соло предизвика незадоволство меѓу фановите

од Vladimir Zorba

По неколку недели шпекулации, одложување и исчекување, навивачите на култната сага „Војна на ѕвездите“ конечно „го добија“ долгоочекуваниот трејлер на самоуверениот млад Хан Соло. И додека критиките се претежно позитивни, се покажа дека има нешто што масовно ги иритира навивачите – звукот на актерот Олден Еронрајк, кој го наследи Харисон Форд во ликот на познатиот шверцер, пишува „Daily Express“.

Критиката кон изборот на актер, кој во никој случај не звучи како претходникот во оригиналната трилогија, се повторуваат одново и одново во социјалните мрежи, пренесоа агенциите.

„Изборот за Хан Соло е тотално згрешен. Подобро е да се обложевте на имитатор на Харисон Форд од Јутјуб“, пишува незадоволен фан на Твитер.

„Трејлерот ми се допадна и треперам во очекување филмот да излезе на големиот екран. Би сакал сепак Олден Еронрајк да звучи повеќе како Харисон Форд“, гласи друг твитови.

„Овој актер не изгледа ниту звучи како Форд, ќе го пропуштам филмот“, вели друг обожавател.

И додека фановите масовно негодуваат поради начинот на кој звучи новиот Хан Соло, повеќето го прифаќаат одлично враќањето на друг омилен лик од сагата – коцкарот Ландо Калризиан, пресозден од Доналд Гловер.

Очекуваниот трејлер на „Solo: A Star Wars Story“ беше претставен во шоуто „Добро утро, Америка“ во понеделникот, откако на денот на „Супер Боул“ беше прикажана 45 секунда реклама на продукцијата.

Во режија на Рон Хауард, филмот за младиот Хан Соло ќе биде прикажан во САД на 25-ти мај.

Освен Олден и Гловер, гледачите во филмот ќе ги видат и Вуди Харелсон, Фиби Волер-Бриџ, Емилија Кларк, Танди Њутн, Ворвик Дејвис, Пол Бетани итн.

Слични содржини