Изборот за нов претседател на Судскиот совет одложен за 2. мај

од Nikola Popovski
108 прегледи

Се одложи седницата на Судскиот совет, на која единствена точка на дневен ред требаше да биде изборот на нов претседател, после вчерашното разрешување на Весна Дамева. Потпретседателот на Советот, Селим Адеми соопшти дека сепак го одложува изборот на нов претседател за 2-ри мај, поради немање мнозинство.

Тој образложи дека членовите на Советот се согласиле дека кога се прави избор на нов претседател на Советот треба да бидат присутни сите членови на Советот.

Ваквата состојба дојде по писмото што го прати американската амбасадорка, Анџела Агелер до судските и изршните власти, а во кое посочува дека е разочарана што предмети од висок профил Апелација ги врати на повторено судење и одат „напред-назад“ меѓу Апелација и Кривичниот суд.

Разрешена претседателка, Весна Дамева, вчера рече дека оваа одлука е против законска и дека со тоа повеќе задоволни ќе бидат одредени поединци од политиката. Според Дамева, Советот е претворен во анархија.

Слични содржини