186
Изборот за песна на Евровизија го прошири гласањето на својата глобална публика и ја намали улогата на жирито, по нерегуларностите во гласањето на овогодинешниот Избор за песна на Евровизија, пишува Гардијан.
Во најдиректните промени на правилата во 67-годишната историја на Изборот за песна на Евровизија, победничката песна ќе ја изберат гледачите ширум светот, во комбинација со жирито составено од музички професионалци.
Оваа одлука на организаторите на глобално популарниот музички натпревар е резултат на анализа на нерегуларности при гласањето на овогодинешниот натпревар.