Избрана е новата Влада на Република Српска

од Radmila Tasevska

Пратениците на Народното собрание на Република Српска избраа ново свикување на владата, која ќе ја предводи премиерот Радован Вишковиќ.

За избор на влада и премиер на Република Српска гласале 74 пратеници, од кои 51 биле за, а 23 против, пренесува Срна.

Пратениците на третата специјална седница на српскиот парламент ја избраа Зора Видовиќ за министер за финансии, Синиша Каран за министер за внатрешни работи, а Жељко Будимир за министер за наука и технолошки развој, високо образование и информатичко општество.

Слични содржини