Избрана најдобрата петорка на кошаркарскиот турнир на ОИ, изборот на МВП ги подели навивачите

од Vladimir Zorba
37 прегледи

По завршувањето на олимпискиот кошаркарски турнир, ФИБА ги објави победниците на индивидуалните награди.

Во идеалната петорка се најдоа двајца играчи од златниот тим и тоа Американците Леброн Џејмс и Стеф Кари.

Заедно со нив меѓу првите пет се најдоа Србинот Никола Јокиќ, Германецот Денис Шредер и Французинот Виктор Вембањама кој исто така доби признание за најдобар млад кошаркар.

За најдобар тренер е избран францускиот тренер Винсент Коле, кој го предводеше тимот до среброто, додека Србинот Алекса Аврамовиќ за најдобар дефанзивец.

Наградата за најкорисен играч на турнирот му припадна на Леброн Џејмс, кој во текот на турнирот имаше просек од 14,2 поени, 6,8 скока и 8,5 асистенции.

Сепак, многу Американци сметаат дека е направена неправда, а титулата МВП требало да ја добие Стеф Кари (14,8 поени, 3,2 скока и 2,5 асистенции во просек), кој беше најдобар играч на САД во полуфиналето против Србија (36 поени со 9 тројки) и финалето против Франција (24 поени со 8 тројки).

Слични содржини