425
Интервјуто на јутјуберот Стефан Лазаров со новинарот Драган Павловиќ Латас, кое предизвика негативни реакции во јавноста, е избришано од каналот на Јутјуб.
Новинарот во него раскажуваше за неговото сексуално искуство како тинејџер, со девојка која била малтретирана и тепана.
За случајот, МВР поднесе и известување до Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје, а оттаму за „Локално“ потврдија дека е отворен предмет и надлежен јавен обвинител ќе даде насоки за натамошно постапување.