Избрканите од „Комунална хигиена“ се враќаат на работа?

од Nikola Popovski
820 прегледи

Сојузот на синдикатите на Македонија извести дека од страна на Државниот инспекторат за труд по поднесената преставка од вработените во ЈП Комунална хигиена Скопје на кои им беа дадени откази, со обезбедена бесплатна правна помош од СУТКОЗ и ССМ, донесена е Инспекциска мерка со која менаџментот на ЈП Комунална хигиена Скопје треба да донесе писмен акт со кој ќе ги поништи одлуките за отказ поради тоа што истите се спротивни на закон и колективен договор.

Како што велат од ССМ, соработката помеѓу нив и ДИТ воспоставена на највисоко ниво, дава резултати во интерес на работниците и ССМ ја поздравува брзата реакција на инспекторатот.

-СУТКОЗ и ССМ очекуваат Управниот одбор на ЈП Комунална хигиена Скопје на седницата која ќе ја одржи утре, на ден 25.07.2023 година постапувајќи согласно Инспекциската мерка како и врз основа на поднесените приговори од работниците да донесе одлука со која ќе ги поништи отказните решенија и вработените ќе ги врати веднаш на работните места, стои во соопштението на Синдикатите.

Отказите во „Комуналец“ следеа откако раководството на претпријатието и градоначалничката Данела Арсовска обвинија дека фатиле луѓе кои пет години седат во Германија и Швајцарија, а овде земаат плата. Арсовска покажа документ на кој се виде повеќе вработени лица со исто презиме во јавното претпријатие.

Една фамилија има вработено се што му е род до шесто колено. Од една фамилија има над 40 вработувања, а од втора фамилија има над 30 вработувања и овие мафијаши повеќе нема да бидат толерирани во Градот Скопје. Се надеваме дека институциите ќе продолжат да постапуваат и дека на штета на граѓаните, повеќе никој нема да дозволи ова што се случува изминатите два дена во градот Скопје, рече Арсовска при бунтот во „Комуналец“ кој резултираше со повеќедневно несобирање на сметот низ Скопје и преполни контејнери.

На документот што го покажа градоначалничката, можеше да се забележи презимето Дардишта, како што се презива и синдикалниот претставник, кој во тие турбулентни денови доби отказ од директорката на јавното претпријатие, Косана Мазнева.

Слични содржини