Избувна огромен пожар на Крит, испразнета позната плажа

од Nikola Popovski

Голем пожар избувна на познатата плажа Превели на грчкиот остров Крит во близина на шума од палми. Во гаснењето на пожарот биле ангажирани 60 пожарникари со 29 противпожарни возила и два хеликоптери.

Крајбрежната стража спровела голема акција на транспорт на карванот од плажата Превели на југот на островот на друга плажа како мерка на претпазливост, објави грчкиот портал Екатимерини.

Според првите информации, пожарот се шири во спротивна насока од палмината шума.

Слични содржини