Полицијата соопшти дека утрово во близина на мостот „Сарај“, избувнал пожар во автобус, сопственост на Т. С. од Скопје.
Според информациите на МВР, возачот К. А. (45) од с. Глуво, Скопско, го ставил автобусот во погон да се загрее по што забележал дека од задната страна кај моторот избувнал пожарот.
Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил локализиран, а повредени лица нема. Увид е извршен.