244
Јавното обвинителство на Боливија наложи апсење на поранешниот шеф на државата во егзил Ево Моралес по обвинението на времената влада за поттикнување и тероризам.
Обвинителите во Ла Пас потпишаа налог полицијата да го приведе 60-годишниот политичар и да го спроведе во канцеларијата на јавниот обвинител.
Моралес минатиот месец побегна од Боливија во Аргентина, откако избија граѓански немири по неговиот контроверзен реизбор на 20 октомври, кој се сметаше за фалсификуван.