Издадена концесија на рудникот Кадиица кај Пехчево

од desk3
97 прегледи

рудар
Министерството за економија и „Кадиица метал„ фирма ќерка на рускиот рударски гигант „Солвеј“ потпишаа договорот за концесија на рудното богатство во локалитетот Кадиица кај Пехчево.
– Со потпишување на овоj договор се отстранети сите дилеми и сомнежи дека со експлоатација на рудата ќе има негативни влијанијана врз екологијата и ќе дојде до нарушување на животната средина, изјави градоначалникот Игор Поповски.
По 24 месечна пауза ќе продолжат истрагите на рудното богатство на Кадиица, а наскоро ќе почне и експлоатацијата на металите, со што се создаваат можности за вработување на 300 лица од Пехчево и Малешевијата во „Кадиица метал“.
Руската компанија „Солвеј“ која стопанисува и со рудниците „Саса“ од Македонска Каменица и „Бучим“ од Радовиш истрагите на металните рудни наоѓалишта во општина Пехчево ги започна пред пет години. До прекин на работите дојде во 2013 година поради сомневања на екологистите дека отворањето на рудник на Кадиица ќе има негативно влијание на животната средина.

Според градоначалникот Поповски отворањето на рудник ќе донесе бенефит за локалната самоуправа, не само со зголемувањето на бројот на вработените, туку и со концесискиот надоместок што општината ќе го остварува. Тоа пак, вели тој, ќе овозможи побрза и сигурна реализација на бројни проекти од комуналната инфраструктура