Издадени 257 одобренија за градење во април, најмногу во Бутел

од Vladimir Zorba

Во април 2024 година се издадени 257 одобренија за градење, што е за 22.1 % помалку во однос на истиот месец од претходната година, соопшти Државниот завод за статистика.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 5 703 659 илјади денари, што е за 16.6 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 136 (52.9 %) се наменети за објекти од високоградба, 56 (21.8 %) за објекти од нискоградба и 65 (25.3 %) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 257 објекти, на 121 (47.1 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 136 (52.9 %) објекти инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 710 станови со вкупна корисна површина од 55 611 м2.

Слични содржини