Според странските медиуми, сегашниот тренер на ПСЖ, Маурисио Почетино, нема да остане во Париз долго време. Имено, тој влегол во преговори со англиски Тотенхем и неговото враќање во Премиер лигата е се поизвесно. Доколку се постигне овој договор, аргентинскиот стручњак би го напуштил парискиот клуб по помалку од шест месеци.
Потсетуваме, Почетино беше отпуштен во Тотенхем во ноември 2019 година. И на клупата на „спарс’, тој беше заменет со Жозе Мурињо, кој пак беше отпуштен овој април.
Лондонскиот клуб ја заврши сезоната со Рајан Мејсон, а управата сака што побрзо да најде трајно решение.
Почетино е се уште тренер на Пари Сен Жермен, кој го презеде во јануари, по отказот на Томас Тухел, а договорот со францускиот тим за Аргентинецот истекува во јуни 2022 година.
ПСЖ го освои Купот на Франција со Почетино, играше во полуфиналето од Лигата на шампионите, додека во Лига 1 го освои второто место.