Издвоени 307,5 милиони денари за тутунарите преку петтиот пакет економски мерки

418 прегледи

Со петтиот пакет економски мерки, ќе бидат опфатени и тутунарите, за кои ќе се издвојат 307,5 милиони денари.

Како што посочи премиерот, Зоран Заев на денешната прес конференција, тутунарите се погодена гранка од пандемијата и поради тоа Министерот за земјоделство, заменикот и нивните екипи пронајдоа начин како да им се помогне.

„Оваа мерка е за да ги спречиме последиците од ограничувањата во превозот и трговијата, како и од падот на потрошувачката на тутунски преработки на светско ниво“, посочи Заев.

Инаку, вчера ресорниот министер, Арјанит Хоџа, се сретна со производителите на тутун и со откупувачите. Договорија рокот за откупот на тутунот да се пролонгира до 31 март, наместо да заврши овој месец. Во однос на поддршката од петтиот пакет, Хоџа информира дека начинот на кој ќе се распределува дополнително ќе биде договорен.

Од друга страна, тутунарите сметаат дека со ова нема да им се надомести штетата од 60-90 денари и уште еднаш апелираа да се зголеми откупната цена како што беше ветено, односно од 165 на 180 денари.

Слични содржини