Изгаснат големиот пожар на Попова Шапка

од Берта Китинска
206 прегледи

Пожарникарите од Тетово вчера изгаснаа голем пожар на отворен простор во неспоредна близина на  Попова Шапка. Станува збор за површина што е во правец кон пределот каде има поставено повеќе телекомуникациски репетитори.

-Пожарот беше изгаснат околу  14 часот и 30 минути. Ни беше потребно два часа да го ставиме под контрола. Тоа беше голема површина, а освен пет пожарникари со два против пожарни камиони работевме во координација и помош на Центар за управување со кризи, Дирекција за заштита и спасување, ЈП национални шуми, ЕЛЕМ како и граѓани. Спречивме пожарот да се прошири и да ја зафати цела Шара затоа што дуваше силен ветер, за МИА, изјави Ука Алити, командант на тетовската противпожарна единица.