Изгаснат пожарот на мостот во близина на „Ист Гејт“, гореше инсталација (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Синоќа дошло до пожар на мостот „Беласица“ во близина на трговскиот центар „Ист Гејт“. Според она што може да се види на видеата на социјалните мрежи, горела инсталација под мостот.

Пожарот бил локализиран, а од утрово мостот е целосно затворен за сообраќај.

Регионалниот ЦУК Скопје, ја пренесува информацијата од Бригадата за противпожарна заштита (БППЗ) на Град Скопје во којашто се наведува дека во 23:57 часот е настанат пожар на опожарена електрична инсталација, топлводна инстлација и е оштетен мостот „Беласица“ на ул „Беласица“, во близина на ТЦ „Ист Гејт“ во близина на бензинска пумпа. Во гаснењето на пожарот интервенирале 21 пожарникари со 8 ПП возила, а била зафатена површина од 2.000 м2. Пожарот целосно е изгаснат во 04:00 часот.

Слични содржини