290
Скопската противпожарна единица го локализирала пожарот во Маџир Маало. Според информациите од пожарната, при пожарот биле зафатени покривна конструкција и еден кат на напуштена куќа во овој дел од градот.
Се работи на утврдување на причините за пожарот.
Од пожарната единица информираат дека се на терен и поради пожар во штала во Кондово, во чие гаснење учествуваат две противпожарни возила со седум пожарникари, а третиот е на обиколницата по „Еуроактива“ кон Блаце, каде се интервенира со две возила и седум пожарникари.