Пожари на отворен простор вчера имало вкупно 20 и сите се изгаснати, соопшти денеска Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Изгаснати се пожарите во Општина Дојран и Општина Богданци, кај месноста „Стара Караула Допчели“ каде што горела ниска и мешана шума. Противпожарните екипи се на терен во месноста и се уште вршат контрола на евентуално можна појава.
Во Општина Струмица, кај с.Просениково и с.Сарај горела сува трева, во Општина Гази Баба, 2, населба „Камник“ кон населба „Железара“ исто така била зафатена сува трева, како и на ул. „Зенден Џемаил“ кај Кванташки пазар.
Сува трева, ниска вегатација и стрништа гореле и во Општина Студеничани 2, с.Количани и с.Моране, во Општина Сарај, с. Лубин и во Општина Струга, 2, с.Татеши и с.Ложани горела, во Општина Прилеп кај с.Галичани, патот за Битола, фабриката „11 Октомври“ и над градинката „Гоце Делчев“, во Општина Битола 2, Индустриски пат и помеѓу селата Беранци и Српци, во Општина Штип, месноста Суитлак, во Општина Гостивар, с.Србиново, во Општина Желино, с.Церово и во Општина Долнени, селата Црнилиште и Долгаец. Во Општина Липково, над с.Никуштак била зафатена нискостеблеста шума.