Изгаснато „огненото око“: Истекување на гас создаде пламен на површината на океанот (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Пожарот на површината на океанот западно од мексиканскиот полуостров Јукатан беше изгаснат рано во петокот, објави државната нафтена компанија „Пемекс“, наведувајќи дека причина за пожарот е истекување на гас од подводен гасовод.

Светло портокаловиот пламен што излегува од водата како стопена лава е наречен „огнено око“ на социјалните мрежи поради кружниот облик на пламенот, пренесува „Ројтерс“.

Потребни беа повеќе од пет часа за целосно гаснење на пожарот, а никој не беше повреден.

Слични содржини