Гостиварската локална самоуправа ќе се финансира времено до 31 март, откако претходно советот не го изгласа буџетот за 2018 година. Предлог одлуката за времено финсирање беше единствената точка на дневниот ред на седницата на советот на општина Гостивар.

За предлог одлуката за времено финансирање на буџетските потреби на општина Гостивар за периодот од 1 јануари до 31 март, на денешната седница гласаа сите присутни членови на советот.
– Со оваа одлука се одбрува времено трошење на финансиски средства за редовно извршување на функциите на општината и буџетските корисници. Во овој период градоначалникот на општината може да одобрува исплата на финансиски средства во висина од најмногу една третина од вкупно извршените расходи во првиот квартал од претходната година, стои во одлуката.
Општина Гостивар сegrave; уште го нема изгласано буџетот за 2018 година откако дојде до прегуприрање и политичките поделби помеѓу мнозинството предводено од ДУИ и СДСМ од една, и општинската администрација со која раководи градоначалникот кој доаѓа од редовите на Алијансата за Албанците.
Со неизгласувањето на буџетот настанаа проблеми со исплатата на плати во образовните институции и општинската администрација, јавните претпријатија и училиштата. По вакавата состојба, се дојде на решение со кое ќе се бара привремено финансирање преку Министерството за финансии. Доколку не се изгласа буџетот по март, се создаваат услови за самораспуштање на советот и распишување нови локални избори за општина Гостивар.
Буџетот кој општинската администрација го проектира е во висина од 16,8 евра.