Изгласано укинување на рестрикциите на осветлување во општина Карпош

од Nikola Popovski
520 прегледи

Советниците на денешната седница на Советот на Општина Карпош изгласаа укинување на мерката за штедење струја за улично осветлување. Оваа иницијатива била поддржана и изгласана од сите советници, освен од советниците на ГРОМ.

Со месеци наназад, Карпошани се жалеа на неразумните рестрикции на осветлувањето во општината, кои оставаа цели делови од населбата во потполн мрак, без ниту една запалена светилка.

Општината уште лани во април одлучи да го исклучи уличното осветлување од 01 часот по полноќ, па се до 05 часот наутро.

По бурните реакции на жителите на општината дека безбедноста им е загрозена и низата поплаки што ги упатија, после неколку месеци од воведувањето на оваа, апсурдна мерка според граѓаните од страна на градоначалникот Стевчо Јакимовски, Општината одлучи дека сепак ќе се штеди на електрична енергија, но со нов метод и тоа со исклучување на секоја втора светилка од уличното осветлување.

Од Општината тогаш порачаа дека заштедите во зависност од цената на електричната енергија на пазарот, варира, до сега се движат од 50 до 80 проценти од претходниот трошок.

Слични содржини