„Изгледа како заложник“: Сите мислат дека Меган го заробила Хари

од Stefanija Kuzmanovska

Принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл се јавија од Америка и разговарале преку видео повик до младите лидери од Комонвелтот, а оние што го следеле разговорот, како и некои експерти за говор на телото, забележале дека Хари изгледал „чуден“ и „заробено“.

Хари и Меган се јавиле од нивниот дом во Лос Анџелес, а експертот за говор за тело, Џуди Џејмс, која ја анализирала снимката од разговорот, истакнала дека Хари изгледал „чудно“ и „се обраќал на подот“ во некои делови од разговорот, а бидејќи се позиционирал во подалечен агол на кадарот, изгледал како да е „заробен“.

Корисниците на социјалните медиуми исто така коментираа дека им било „непријатно“ да го гледаат јавувањето на војводата и војвотката од Сасекс, а еден од нив напишал дека принцот изгледал како „заложник“.

Џуди Џејмс исто така навела дека Хари, веднаш штом зборувал за тоа како Комонвелтот и неговата баба, кралицата Елизабета, треба да се соочат со нивното минато и да ги исправи грешките од минатото – што се покажа како најконтроверзната изјава што започна бран на претежно негативни реакции – веднаш почнал да се правда штом ги изговорил овие зборови, што значи и дека веднаш разбрал каков ефект ќе произведат.

Џуди, пренесува „Дејли меил“, исто така посочи дека Хари го преседал првиот дел од видеото „во тишина“ додека Меган го давала воведниот говор.

„Снимката ја прикажува Меган скоро во средина, што ѝ дава можност да го искористи преостанатиот простор за гестови и да покаже колку е страсна таа додека зборува“, рече Џуди. „Хари, од друга страна, изгледа малку заробен во еден дел од рамката, без простор за гестови и зборување“.

Меган е ѕвезда, а Хари или ги повторува нејзините зборови или ги потврдува додека таа зборува. Исто така, додека Меган има изглед кој ги ангажира гледачите активно да слушаат, Хари изгледа малку чуден додека гледа на страна, а потоа во подот.

Тој е, додава Џуди, дури и вербално понесмасен од Меган, која брзо ги преобразува неговите реченици во моќни фрази. И тогаш, кога Хари се обидува да зборува со малку повеќе духовит и опуштен тон, Меган реагира негативно и брзо го корегира.

Во меѓувреме, хаштаговите #SavePrinceHarry и #FreeHarry – стануваат се повеќе популарни на Твитер.

Слични содржини