Во понеделникот вечерта во фудбалскиот свет одекна веста дека Хари Кејн доставил барање за трансфер до управата на Тотенхем.
Во средата, најдобриот англиски шпиц се збогуваше со новиот Вајт Харт Лејн.
Или така изгледа.
После натпреварот со Астон Вила (1:2), последен на домашен терен оваа сезона, Кејн го обиколи почесниот круг околу теренот, поздравувајќи ги навивачите кои по 15 месеци се вратија на стадионот. На многумина им се чинеше како последен поздрав до луѓето кои го поддржуваа од почетокот на неговата кариера. Останува само уште еден натпревар, гостување во Лестер во недела попладне, па Кејн мора на овој начин да им каже „збогум“ на навивачите на Тотенхем.
Сега традицијата во Англија диктира дека по последниот натпревар на нивниот стадион оваа сезона, играчите и тренерите ја поздравуваат публиката. Овој круг на Кејн може да се толкува на тој начин, но проблем за челниците на Тотенхем е да знаат дека Хари го стори тоа сам. Јазикот на телото е исто така индикативен. Се чинеше како да бара од неговиот соиграч да не биде до него.
Harry Kane applauds #thfc supporters after the full-time whistle. | @beINSPORTS_EN pic.twitter.com/lPB6mHfXig
— Daily Hotspur (@Daily_Hotspur) May 19, 2021