Популарниот актер Николас Кејџ и неговата девојка Рико Шибата биле фотографирани на аеродромот во Њујорк како се држат за раце, а еден детаљ ги воодушеви фановите.
Николас бил облечен во сиво одело, преку лицето имал огромни очила за сонце и шешир. Рико била во опуштено издание, црна кошула и пантолони, како и јакна со детали од бело крзно.
Актерот во раката имал плишана играчка, бел кит, кој ги воодушеви неговите фанови, бидејќи претпоставуваат дека тоа би можело да биде подарок за неговата избраничка.
Додека некои позитивно ја коментираат новата девојка на Кејџ, на многумина не им се допадна неговиот избор бидејќи мислат дека холивудскиот заводник „може подобро“.
„Повеќе изгледаат како татко и ќерка“, !Очигледно сака мали играчки“, „Па таа не е никаква убавица“, „Таа изгледа како да има 15 години“, „Овие млади девојки ги наоѓа на Тајланд?“, биле само некои од коментарите на Daily Mail.
Пред неколку дена, Николас ја однел Рико во разгледување на неговата гробница во облика на пирамида која ја купил во 2010 година.