Изгледаат пресреќно: Први фотографии од венчавката на Џенифер Лопез и Бен Афлек

од Stefanija Kuzmanovska

Џенифер Лопез и Бен Афлек се венчаа само три месеци откако повторно се верија, а сега се појавија првите фотографии од нивната интимна венчавка и изгледаат многу среќни.

Инаку, парот добил дозвола за брак во округот Кларк, Невада, а таа била издадена на 16 јули и гласи на нивните правни имиња – Бенџамин Газ Афлек и Џенифер Лин Лопез, пренесува „ТМЗ“. Иако се шпекулираше дали информацијата е вистинита или само нови гласини, брачната потврда од која се гледа дека Џеј Ло сега е Џенифер Афлек и фотографиите кои се појавија на интернет ги потврдија приказните за крунисувањето на оваа голема љубов.

После 20 години светот конечно ги виде Џеј Ло и Бен Афлек на олтарот, младенците се повеќе од среќни, а на интернет кружат нивните први свадбени фотографии.

Парот изгледа толку среќен, а Џенифер изгледа магично, како мало девојче во едноставен долг бел фустан, со едноставна фризура и беспрекорна шминка.

А нејзиниот најубав моден додаток е дефинитивно насмевката која никогаш не ѝ го напушта лицето!

Слични содржини