Изгоре канцеларија во пожар во болницата „8 Септември“ во Скопје

од Aleksandar Petrovski
283 прегледи

Во Ургентен центар во Градската општа болница „8 Септември“ во пожар синоќа изгорела целосно една канцеларија, нема повредени лица.

Како што денеска соопшти МВР,  синоќа во 22.19 часот во СВР Скопје било пријавено дека во една канцеларија во Ургентен центар во Градската општа болница „8 Септември“ настанал пожар.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Увид ќе се врши во текот на денот.

Слични содржини