Изгоре куќа во Гази Баба, градоначалникот на терен (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska
193 прегледи

Силен пожар избувна доцна синоќа во домовите на семејствата Марковски од населеното место Гоце Делчев во скопска Гази Баба. Членовите на семејствата брзо се евакуирале и нема повредени.

На терен веднаш излегол градоначалникот на оваа општина, Бобан Стефковски.

„Благодарение на брзата реакција на Противпожарна бригада на Град Скопје пожарот беше за кратко време ставен под контрола и се спречи истиот да се прошири во останатите домови, бидејќи се наоѓаат во густо населена средина. Како градоначалник понудив помош за сместување на семејствата кои останаа без свој дом, а утре комисија од општината ќе излезе на терен со цел отпочнување на постапка за финансиска помош“, објави Стефковски доцна синоќа.

Слични содржини